Обвинителката од СЈО Ленче Ристовска по завршување на средбата на работната група околу Законот за јавно обвинителство во куса изјава за медиумите кажа дека ситуацијата со СЈО се уште е неизвесна.

Во моментов не можам да ви дадам конкретен одговор, тоа е предмет на усогласување. Како што ви кажав, во моментот кога ќе имаме информација, ќе ја објавиме на нашата веб-страница“, изјави Ристоска.

Консултациите на работната група во Министерството за правда почнаа вчера откако Катица Јанева со полномоштво побара предметите од СЈО да ги преземе републичкото обвинителство.

Освен обвинителката од СЈО Ленче Ристовска, во работната група учествуваат министерката за правда Рената Дескоска, академик Владо Камбовски, универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, како и државниот обвинител Љубомир Јовески и претставници од министерството за правда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.