Актерката Ирена Ристиќ преку социјалните мрежи јавно побара одговорност од власта и оставки за лошото менаџирање со состојбата во која е земјата со ковид-19. Таа вели дека и покрај одговорноста на граѓаните не значи дека и власта, верските заедници и надлежни институции не се одговорни за ескалацијата на состојбата со ковид-19 во земјава.
Како поединци сите сме одговорни.
Апсолвирано.
Но, не спијте на тоа уво!Тоа не ја амнестира власта, поглаварите на верските заедници и надлежните институции од одговорноста за оваа ескалација!
Кој попушташе? Кој калкулираше?
Кој флерташе со верници?
Кој олабавуваше мерки?
Одговорност? Оставки?Кажаа нешто?стои во статусот на Ристиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.