Предлогот на лидерот на опзоициската партија Христијан Мицкоски мислам дека треба да се поддржи ако намерите се чесни и скрени. 10.000 терминали без отпечаток на прст на лице место да не можи, вели колумнистот и аналитичар Александар Ристевски во вечераното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа, зборувајќи за пописот на населението кој што треба да се спроведи годинава.
Ристевски посочи дека попис на населението се прави на лицата кои во моментот се во државата, а не кој е од државата, посочувајќи пример дека тој има фамилија која е надвор од Македонија и на која нема да и се направи попишување.
Да не заборавиме ние имаме 2.000 или 2.600 документи на државјанство, тука. Ние броиме кој е во државата, а не кој е од државата. Јас имам фамилија над 100 и нешто луѓе во Аврсталија, Канада, во Америка, и нив нема да ги броиме. Не е ова натпревар кој има повеќе и тоа треба да го сфатиме, а ако не сме го сфатиле ние имаме проблем и ќе останеме со две три држави кои немаат попис, и за тоа политичарите имаат одговорност да им го објаснат на населението, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.