Јавноста треба да знае кој е одговорот на македонската влада на бугарските барања 5+1, рече Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика, на вечерашното гостување во емисијата Вин Вин.

Ние сега ќе се занимаваме со надградбата како што вели бугарскиот премиер Петков со работните групи со коишто треба да се интензивира соработката, меѓутоа како е тоа поврзано со суштинската условеност за отпочнување на преговори на Македонија со ЕУ и нивната блоката, која е блокада на преговарашката рамка. Нимавме меѓувладина конференција затоа што не беше усвоена преговарачката рамка, значи Бугарија бара измени на преговарачката рамка. Како тоа ќе биде артикулирано, тоа е клучното прашање. И како тоа може да се артикулира низ некакви директни преговори меѓи нас и Бугарија без да имаме улога на претседателството, односно Советот на ЕУ. Значи тие прашања како да се тргаат на страна, не се кажува што е со „пет плус еден“, а тоа се всушност интерпретирани некои од барањата токму од рамковната позиција на Бугарија, рече Ристевска Јорданова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.