Пратеникот Петар Ристески од Прилеп прв ја објави веста дека премиерот Зоран Заев и министерот за здравство во Прилеп пристигнале со хеликоптер.
До денес во Прилеп починале 333 наши сограѓани, наши соседи, роднини и блиски луѓе, а повеќе од 7.100 се заболени од ковид. За ниту еден од нив не полетал хеликоптер, но затоа хеликоптер се крена за Заев и Филипче. Денеска Заев заедно со Венко Филипче леташе од Скопје до Прилеп со хеликоптер на државна сметка. Ова е невиден скандал и срам. Заев и Филипче возат мотори и кога умираат по 30 луѓе на ден, министри шетаат во Дубаи и Мексико, кога тука луѓето се борат за живот, а сега летаат со хеликоптери на државна сметка. Едно летање на хеликоптер чини колку стотици вакцини и други потребни медицински материјали. Но, Заев и Филипче наместо за борба против ковид пари трошат за летање со хеликоптер за одење за Прилеп, вели Ристески.
Но како би дошле во Прилеп поинаку, прашува тој.
-
Изградбата на патот Градско – Прилеп ја прекинаа и сега истиот е небезбеден, а фирмата „Рубау“ си замина, затоа што Заев и Сугарески му барале провизија.
-
Заев сака да ги избегне тутунарите, кои го чекаа денес да му се заблагодарат за најкатастрофалниот откуп на тутун во последните 30 години. Тутунот им го земаа за без пари.
-
Вработените во ЈП за ПУП од Прилеп за месец февруари земале плата од само 5,000 денари, а за март ќе почекаат.
-
Вработените во „Еурокомпозит“ се излажани и неисплатени.
Како да дојде со кола во Прилеп кога нема како да им објасни на фамилиите на 333-та починати од КОВИД на 7,100 заболени кои молат за помош, а никој не им излегол во пресрет. Како овие луѓе да ги платат сметките од 2300 евра и повеќе на ден во приватните клиники? Заев и Филипче се гробари на Прилеп, завршува Ристески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.