Во денешното издание на дебатната емисија “Топ тема” гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Петар Ристески кој зборуваше за лошите мерки на Комисијата за заразни болести, како и за несериозноста на Венко Филипче како министер за здравство.
Ристески потенцираше дека власта казнува селективно, односно дека пријатели на Заев и блиските соработници, продолжуваат со своите бизниси и правењето журки низ Струмица. Додека пак, на улиците се казнуваат луѓе кои не носат маски, иако шетаат сами и нема од кого да се заразат.
Двојните аршини освен што парично ги оштетуваат граѓаните, ја повредуваат интелегенцијата на граѓаните, поради тоа што за едни важат сите закони и какви такви мерки, а за привилегирани пријатели на Заев не важат.
Комисијата за заразни болести нема конкретни мерки, со цел да се спречи пандемијата. Напротив, наместо сериозни мерки кои сигурно ќе влијаат врз огромната бројка на новозаболени, комисијата пропагира мерки кои се повеќе од смешни во очите на граѓаните. Граѓаните велат дека не е нормално полиција да им влезе дома во било која доба и да ги брои колку луѓе се дома или пак да носат маски на отворено, особено ако се сами”, вели Ристески.
Ристески вели дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш на располагање со сите свои капацитети од областа на здравството, односно во оваа битка мора да победат граѓаните, бидејќи вирусот ги напаѓа сите луѓе подеднакво и истиот мора да се третира согласно неговата сериозност.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат конструктивни и ќе ги гласаат сите закони кои што ќе придонесат за доброто на граѓаните и нема да водат политичка битка кога се во прашање животите на граѓаните, заврши Ристески
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.