Почитувани мои сограѓани. Македонски Брод е мала општина во срцето на нашата Македонија, но гледано години наназад секогаш била занемарувана од властите, било од државна или локална власт, рече во своето видео обраќање кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Македонски Брод, Жарко Ристески.

-Сметам дека јас како кандидат за градоначалник за Македонски Брод заедно со мојот тим ќе успееме конечно да го уредиме нашиот град и да го направиме Македонски Брод едно поубаво место за живеење за сите граѓани и сите генерации. Македонски Брод е мојата и нашата општина во која живееме и треба со неа да се гордееме бидејќи таа е нашиот дом, но домот заслужува многу посветеност, искреност, чесност и домаќинско работење.

Имаме план, имаме програма со проекти, имаме визија во каков Македонски Брод сакаме сите заедно да живееме, порача Ристески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.