Роднини на пациенти болни од ковид-19 се револтирани од односот на министерот за здравство Венко Филипче кон справувањето со пандемијата во државата и пациентите.
Солзите во очите на двете деца на мојот брат, млад човек 40 год., кој се бори за живот на респиратор, не ми дозволуваат да ти се обратам со „почитуван“, „господин“, „Вие“ или „министер“, во кого верувавме, освен со едно обично Венко Филипче.
Повели, дојди, посети ги децата, па така смирено увери ги дека „се е под контрола“ и дека повторно ќе бидат во прегратките на својот татко, бидејќи ние не знаеме како тоа да го сториме, а ти си умешен во убедувањето „се е под контрола“, вели Тања Бурник, роднина на пациенет заболен од ковид-19 во својот статус на фејсбук.
Таа има забелешка на протоколите кои ги спроведува министерството за здравство
На нас, фамилијата, која со денови го гледа хорор филмот, кажете ни дека пациентите доцна се јавуваат на лекар!!!!! Имено, според убиствените протоколи кои се донесени, е постапено пријавувањето во ГОБ , каде што со мал наод на белите дробови и „не е страшно“, вратен на домашно лекување, за утредента на Инфективна клиника да биде критично, а за само 4 дена во Клинички центар, да се бара спас во приватна клиника.
Не, не Венко, пациентот не е јавен доцна, туку пациентите се хоспилтализираат предоцна поради хаваријата на здравствениот систем.
Ништо не е под контрола, напротив, твоето „се е под контрола“ убива луѓе. Ги убива срцето и душата на блиските и надежта на децата дека повторно ќе се радуваат со својот татко.
Од твоето „се е под контрола, сега ни преостанува само на Господ да се молиме.
Ќе спиеш ли мирно до ГОЛЕМИОТ СУД , каде што ќе се мерат солзите и тагата на децата, а и на други деца досега!?, пишува Бурник во својот пост на Фејсбук.
Венко Филипче, солзите во очите на двете деца на мојот брат, млад човек 40 год., кој се бори за живот на респиратор, не…
Posted by Tanja Burnik on Monday, 16 November 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.