Поради лажно обвинување за лажна вест, која сакајќи да демантира, ја потврди и самата, „Република“ бара јавно извинување од директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Лажното обвинување и наврeдите упатени од директорката на УЈП се со цел да се наруши угледот и кредибилитетот и воедно да се замолчи медиумот „Република“ кој е критички настроен кон незаконското работење на актуелната власт.
На нејзиниот фејсбук-профил, Лукаревска со црвен печат над нашиот текст инсиниура дека сме објавиле „фејк њуз“, иако во ниеден момент не демантира дека во текстот има нешто лажно. Напротив, дури и потврдува дека наведеното лице навистина е добитникот во наградната игра Мој ДДВ – моја награда.
Во интерес на транспарентноста и вистината, ја повикуваме директортката да одговори точно кој збор или реченица во нашиот текст е лага:
- Информатичарот Дејан Смилевски кој се најде на листата хонорарци на Владата, изгледа има многу среќа или УЈП плаќа дел од хонорарите плус? Дали ова е прашањето што го сметате за лажно?
- Имено извесен Дејан Смилевски во февруари минатата година е еден од добитниците на 100.000 денари од наградната игра Мој ДДВ-Моја награда. Дали ова е реченицата ја сметате за лажна?
- Оваа година повторно Дејан Смилевски е актуелен, бидејќи се најде на листата платени владини хонорараци за Компјутерска апликација за сервис, одржување и конфигурација на информатички системи за потребите на Генералниот секретарјат на Владата на Република Македонија. Дали ова е реченицата што ја сметате за лажна?
- Хонорарот му е 30.000 денари. Дали ова е реченицата што ја сметате за лажна?
- Дали се работи за истото лице? Дали ова е прашањето што го сметате за лажно?
Доколку не добиеме извинување на исто место и исти начин како што беше објавено ова обвинување, ќе поднесеме тужба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.