Претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за интернет изданието на словенечко „Дело“ не се стега да се прикаже како лидер на влада која врши репресија и цензура врз критичката мисла во земјава.

Зборувајќи за, како што вели, искуството со хибридните кампањи, истакнува дека тие се придружувани постојано со дезинформации, со ширење говор на омраза, со штети по македонскиот идентитет, со подгревање опасен внатредржавен и меѓудржавен национализам и други облици на хибридни закани против демократијата во нашето општество и во регионот.

Она што треба да го знаат граѓаните на Словенија, на Македонија и на сите земји во регионот и во светот кои се справуваат со пропагандните лаги, е дека владите кои се противници на лажните вести се оние влади кои се отворени, транспарентни и отчетни, а степенот на отпор на граѓаните кон нападите со дезинформации зависи од нивото на медиумска писменост на населението, вели Заев во интервјуто за „Дело“.

Заев заборави или намерно изостави да каже дека неброено пати се докажало и се покажало дека изворот на лажни весто во Македонија е токму тој и неговата пропагандна машинерија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.