Централната изборна комисија на СДСМ денеска утврди дека три од четирите кандидатури за иден претседател на СДСМ се целосни. Одбиена е кандидатурата на Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од Куманово. Алексовски не го исполнува условот од Статутот најмалку еднаш да бил избран од Конгресот за член на некој од партиските органи.
Фросина Ременски, една од кандидатите за претседател на СДСМ, веќе ги засукала ракавите и е подготвена за партиската кампања. испечатени се изборни постери со Кандидатот број1, беџови со нејзиното име.
Ременски на својата интернет страница денеска објави текст во кој споделува претходни изјави дека нејзината кандидатура била неочекувана, бидејќи се лицитираше со други кандидати.
Очекувам поддршка од сите искрени членови на СДСМ – младите, жените, старите заборавени борци …, од сите што се вградиле во партијата и придонесоа за победата во 2016 година. Не е време за дворски игри, подметнувања и суети – време е да засукаме ракави за победа, вели Ременски.
Ковачевски ја достави кандидатурата со програмата „Заедно, одговорно и посветено“ по што на својот фејсбук-профил напиша дека „во време на предизвици со кои се соочува македонското општество одговорно е да се преземе чекор, да се делува.
Програмата на Деспотовски се вика „Концепт 28“ во која, според него, фокус се луѓето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.