Социјалдемократи ми праќаа покани и потсетувања да ставам „лајк“ на ФБ страницата на „јавната личност Сашо Мијалков“, па ми праќаа колумни од Никола Тодоров „реформаторот“, па сега ми праќаат сликички со написи од слични „реформатори“… Не бре дечки, на погрешна адреса ги праќате „воспевите за подвизите“ на тие против кои до вчера се боревме – напиша на својот ФБ профил Фросина Ремески.

Таа во објавата додава дека за разлика од тие што и праќаат такви пораки, таа се уште бори такви таквите ликови.

Не знам за вас, но јас се борев и уште се борам против истите тие паразити – конкретно и со факти, со име и презиме, јавно и транспарентно, не со пароли.
Се’ ќе беше во ред ако со истата храброст истите вие ставевте „лајк“ на објавите за нивниот криминал за кој некој велат дека, „летала глава“.

 

Некако од заборав „ви летнал паметот“ – ги измешавте лончињата и приоритетите …
Од култура нема да ве наредам со име и презиме, за да го покажам вашиот придонес во борбата и за партијата.
Но, има време ќе ви текне – напиша Ременски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.