Пратеничката Фросина Ременски на својот Фејсбук профил сподели фотографија од себе си под која напиша дека „Отстрелаа срна и тоа во криволов“.
Јавноста веднаш по ова запрашаа кој е криволовецот, Кацарска, Русковска или пак Заев?
Инаку Ременски е осомничена во случајот „Меѓународен сојуз“ кој го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција откако претходно беше отворен случајот „Рекет“.
Таа е осомничена дека како претседателка на Меѓународниот сојуз и како функционер, заедно со првоосомничениот Боки 13 присуствувала на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.
Врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката, дојде до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво. Тој, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото. Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација, соопштија од Обвинителството.
Јовановски: Ако кажам дека Ременски е крива за Меѓународниот сојуз, ќе ме пуштите ли?
Инаку неодамна пред судот првообвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен. Тој случајот го нарекува „трагично кривично правен предмет, трагично наречен Рекет“.
Лица кои се вклучени во оваа постапка слободно се шетаат, а тука некој си игра правда над мене.Сакате да постапам како Милески, да кажам Катица Јанева е крива и да ме пуштите? Или да кажам Ременски е крива за Меѓународен сојуз?, рече Јовановски, на што реагираше обвинителката Вилма Русковска, а Јовановски и рече: „Не се дери, не мора да ги покажувате вашите гласовни способности”.
Мојата здравствена состојба е шпанска серија. Не можам да го реализирам мојот хигиенско диететски режим. Ете, отстранети се сомнежите за малигнитет и тоа е среќна вест, но мене ми треба посебна исхрана, не можам тоа да го правам во затворска келија, рече Јовановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.