Сопругот на пратеничката Фросина Ременски и функционер во МВР, Јовче Ременски испрати барање за извинување и јавно повлекување на текстот „Преку незаконска процедура обезбеден безбедносен сертификат стекнале и компромитирани кадри на УБК“, во кој, како што наведува во барањето, биле „изнесени наводи дека е директно вмешан во случајот „Рекет“ и дека наводно за уцена продавал снимки од ПИ-мерки од МВР“.

За Ременски ова се „груби лаги и апсолутно невистинити информации, изнесени паушално, без докази кои упатуваат на наведеното, за што може да се заклучи дека единствената намера е да му наштетиме на честа и угледот“.
Ако внимателно го прочитал текстот, Ременски ќе видел дека во текстот го пишува токму тоа, дека „постојат шпекулации за вмешаност во „Рекет“, што не е испитано“, дека во минатото се спомнувало дека „изнесувал снимки прибавени со ПИ-мерки од МВР и ги продавал за уцена“, поткрепено со текст објавен на 16.05.2016 година, и во кој е цитиран извор на веста, дека ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференции јавно го обвинувала дека „е креаторот на фалсификуваните службени белешки со кои се вршеше политички прогон и со кои неосновано се испраќаа во притвор политичките неистомисленици“, поткрепено со текст објавен на 14.03.2019 година. И шпекулациите кои Ременски ги нарекува изнесени факти, исто така, биле јавно искажани од други новинари и други медиуми (Бранко Героски, Плус инфо).
Во интерес на новинарскиот кодекс, моралот и етиката, поради неговите негирања за непотврдените шпекулации за инволвираност во „Рекет“, Република ќе го повлече објавениот натпис. Времето ќе покаже дали Ременски ја говори вистината или пак шпекулациите не се само шпекулации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.