Второобвинетата во случајот „Меѓународен сојуз“, поранешната пратеничка Фросина Ременски истакна дека ќе докаже невиност во овој случај, и побара обвинителката Вилма Русковска да биде изземена од случајот.

Според неа, бизнисмените Силјан Мицевски и Адријан Азмоски, за кои во обвинението се тврди дека биле рекетирани од страна на невладината организација „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски, биле поддржувачи на СДСМ и тоа е единствената врска која постои меѓу нив.

Двајцата се поддржувачи на мојата политичка партија од која што сум дел, и средбите со нив биле на друго ниво, а не во врска со оваа организација, рече Ременски по денешното рочиште.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.