Истрагата за „Рекет“ е целосно компромитирана и девалвирана. На ден 22 јуни 2017 година Фросина Ременски беше промовирана како почесен претседател на Меѓународниот сојуз. На истата таа промоција истата Фросина Ременски рече: „Јас ќе ја искористам максимално функцијата во лобирање и влијание итн“. Прашањето на кое не одговори денес Фросина Ременски е следното: За што ја искористила својата функција Фросина Ременски изминативе две години како потпретседател на Собрание на Република Македонија и потпретседател на СДСМ, а во насока на влијание и лобирање за потребите на „Меѓународен сојуз“? За што влијаела и за што лобирала онаму каде што можела?, истакна на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО – ДПМНЕ.
Тој запраша дали Фросина Ременски учествувала во смислувањето на тие проекти за рекет на Боки 13?
Пари во меѓународниот сојуз има милиони, резултати и проекти нема. Парите извадени од сметка, нормално. Дали тоа се парите за кои влијаела максимално и лобирала Фросина Ременски и каде завршиле истите пари дадени од бизнисмените најверојатно како „Рекет“?
Изминативе две години логично е да се поднесени две завршни сметки за работата на Меѓународниот сојуз, за 2017 и 2018-тата година, констатира Арсовски.
Дали Фросина Ременски не знае и не учествувала во финансиските извештаи каде што е почесен претседател, за што и како се потрошени извадени парите, дадени од бизнисмените на „Меѓународен сојуз“? Просто невозможно и неверојатно да не знае и да не е запознаена. Фросина Ременски дента кога ја прогласија за почесен претседател, призна дека има долгогодишна координација и комуникација со Боки 13 за проекти и стратегии и за натамошно функционирање, притоа потенцирајќи дека таа ќе се ангажира и ќе влијае и ќе лобира онаму каде што може. Очигледно е дека целата фарса од истрагата за случајот „Рекет“ е единствено за целиот случај да се развлече и на крај нормално да се забошоти, да остане таков како што е во моментов, вели Арсовски.
Очигледно дека единствена обврска на Вилма Русковска е да се заштити криминалот на врвот на СДСМ и Заев, инволвирани во случајот „Рекет“, а целиот случај да се сведе само на Боки 13, за кој целата држава знае дека не може и не е способен сам да го направи целиот овој рекет сам, заклучува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.