Две недели поминаа, а детали за случајот со бегството на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков нема, вели поранешната функционерка на СДСМ, проф. Фросина Ременски, која преку „Фејсбук“ повторно ја бранува јавноста.

Многу спинови за дефокус од клучното прашање – до каде истрагата за бегството на Сашо Мијалков!? Ако некој мисли дека со „најпопуларните” вести за наводната „амбасадорската трка на Фрчковски” и „провокациите од Османи” за наводна промена на Уставот ЌЕ ГО ПОКРИЕ ИНТЕРЕСОТ „за одговорноста” за привилигираниот преговарачки и ексклузивен третман на Сашо Мијалков ГАДНО СЕ ЛАЖЕ!! И не се плашeте од Сашо, тој е во затвор – дрогиран или „чист” не знам но, знам дека ќе остане таму подолго од што се навива. Тоа за среќа е надвор од дометот на другарка му Вилма, нејзините „лични извори” и сите други знајни и незнајни „јунаци”. Работите, да не ве сработат сите!, пишува Ременски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.