Дали Бојан Јовановски го организирал сам сучајот Рекет без знаење на премиерот Зоран Заев и специјалната обвинителка Катица Јанева?! Видеата кои ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“ за случајот Рекет речиси со сигурност покажаа дека Катица Јанева е инволвирана. Јанева тврди дека сакала да го натера Камчев да биде сведок, затоа комуницирала со него. А која е улогата на Боки 13?! Јавноста преку аудиоснимки дозна дека во случајот е инволвиран и самиот Заев, барем од она што го зборува Бојан Јовановски.
Тој тврди дека често се гледа со Заев, дека Заев нема да прави проблем за ослободувањето на Камчев, а самиот Камчев му се обраќа на Боки со зборовите – ти ги играш нивните игри…

БЈ: Утре се глеам со него.

ЈК:Со Дејан?

БЈ: Не

ЈК: Со Жаре?

БЈ: Со Зоки.

ЈК: Со Зоки?

БЈ: Со Заев.

ЈК: Мислам дека он нема да праи проблеми, но ти ќе си збориш и ќе ми кажеш

БЈ: Знам што збори он, знам што сум зборел со него за тебе, работи кои никој не ги знае.

ЈК: Ок, шефе.

БЈ: Ќе ме испратиш до врата?

ЈК: Апсолутно.

Разговор 2:

БЈ: Ова е исто меѓу нас.
ЈК: Што?
БЈ: Да видиш како ми е дома наместено… Да видиш ти ЗЗ.
ЈК: Добро, тебе ти се другари. За нив ја играш играта. Дај малку винце до пред врата донеси ми. Мислам дека ЗЗ нема да ми направи проблем мене во секој случај.
БЈ: Јас разговарав со него во понеделникот.
ЈК: Се виде со него во понеделникот?
БЈ: Аха.
ЈК: Нема да прави проблем, така?
БЈ: Не не. Само немој да петљаш….
ЈК: Абе у живот немам ништо со Трајче. Коа ми кажа ти, на Ана си и пуштил порака Бугарите да не се мешаат, не се јавија више. Се јавија? У затвор бев јас, Боки. Ти си и кажал на Ана, молим те да не се мешаат. Не се ни јавија. Они покушаа нешто, тие ми се пријатели, пријател треба да проба, ама сега знаеме кој кључ може да отвори врата.
БЈ: Така е. И уште една работа. Споменуваш неколку пути еден чоек и ова меѓу мене и тебе.
ЈК: Јас споменувам чоек?
БЈ: Споменуваш неколку пути, што е, кај е, како е..
ЈК: Кој е тој?
БЈ: Тој човек преку мене стапи во контакт..
ЈК: Оној од горе, нашиов?
БЈ: Да, и заврши све со мене. Ама заврши и со СЈО и ЗЗ. И големи работи и големи проекти. Се.
ЈК: Нашиот?
БЈ: Да.
ЈК: Тој па не е компатибилен за голема игра.
БЈ: Те молам, меѓу мене и тебе.
ЈК: Шефе завршено, крај. Оти он имаше исто предмет, така?
БЈ: Немаше.
ЈК: Имаше за базите, добро сега си го решил проблемот. Си ја решил маката.
БЈ: Никој не знае.
ЈК: Види, Жарко ми е кум мене. Кој може, Бог да му поможе.
БЈ: Беше исклучително прецизен. Таму го носев јас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.