Нам не ни треба нов закон за да продолжат предметите. И според постоечкиот закон откако ќе ги преземе предметите, Јовески може да ги распредели кај истите обвинители и тие да си продолжат. Спротивно од законот да бараме нивно стопирање, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На прес-конференицијата по лидерската средба Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ инсистира целокупниот криминал, за кој имаат индиции дека го сторила власта да биде истражен.

Негов беше предлогот, на Зоран Заев, да формираме јавно обвинителство кое ќе има надлежност преку десетте помошници на Катица Јанева за предметите на СЈО и истовремено да гони предмети кои се коруптивни од именувани и избрани лица.  Ние ова го прифативме и рековме во ред прифаќаме такво обвинителство, прифаќаме прераспределување на случаите на истите обвинители во нивните матични обвинителства, но мора да продолжиме да работиме по закон и тимот на новиот обвинител да го определи советот на јавни обвинители, а не Мицкоски или Заев со закон, таков е законот.

ВМРО-ДПМНЕ побарало да се изготви систематизација и да се создадат ресурси за да може ова обвинителство навистина да работи и да гони висока корупција.

Од страна на Зоран Заев бев прекинат или корегиран дека тие не можат ова ново формирано обвинителство, овој обвинител нов на предлог на опозицијата не може да се занимава со случаи пред да биде формиран. На моето прашање Катица Јанева е избрано лице, кој ќе ја има надлежноста во предметот рекет, а не таа вика си останува кај постојната обвинителка. Па чуму тогаш договараме надлежности за гонење на корупција на избрани и именувани лица. Но јас го знам поривот мотивот и причината зошто е тоа така, затоа што постои основано сомневање за „Рекет 2“, „Рекет 3“, за „Рекет 4“, за „Рекет 5“, но и за други кривични дела кои што оваа власт веќе трета година ги прави и затоа им е потребна Рускоска, за да направи амнестија и да го заштити Заев и СДСМ од одговорност за сторениот криминал. На кратко ова беше сценариото на вчерашната средба, рече Мицоски.

Зоран Заев го одбил нашиот предлог да новиот обвинител во новото обвинителство се занимава со избрани и именувани лица, без разлика кога тој криминал е сторен и дали се однесува за сторен криминал на лица кои што се избрани или именувани од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса, Беса или било кој друг кој што бил избран на еден ваков или таков начин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.