Различни ставови во однос на Законот за јазиците изразија вечерва тројцата учесници во претседателската трка во четвртата ТВ дебата, која се емитува на Алсат, но сепак сите тројца на став дека гласачите не ги делат по етничка основа и дека во својата кампања се обраќаат до сите граѓани, а не до одредени етникуми. Кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река вели тој е за официјализирање на албанскиот јазик, како втор службен
јазик во земјава.

Меѓу мене и другите двајца кандидати постојат дијаметрално различни ставови во однос на ова прашање. Јас тука поаѓам од концетот на родени права. Ние Албанците кои сме родени тука имаме такво право, а со сегашното решение сме деградирани во Уставот со статистика од 20 отсто, рече Река.

Нагласи дека кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова беше против донесувањето на овој закон, додека кандидатот, кој ја има поддршката од СДСМ, Стево Пендаровски е за максимално користење на албанскиот јазик, но тој е за негово официјализирање.

 

Силјановска нагласи дека доколку таа биде претседател ќе ги почитува Уставот и законите. Додаде законски одредби може да се оспоруваат или поништуваат само од Уставниот суд. Сепак нагласи дека има многу забелешки во однос на овој закон – во однос на неговата усогласенот со Уставот и Рамковниот договор, но ќе го почитува и спроведува.

 

Пендаровски, како што рече, е конзистентен по тоа прашање, тој закон нема никому да наштети, туку е донесен за унапредување на правата на етничките заедници.

Станува збор за максимална екстензија во однос на т.н. јазични права на етничките Албанци. Кога давате повеќе права на една етничка заедница, а не земате од друга нема опасност од распаѓање на државата, туку на тој начин се зајакнува кохезијата и секој што и мисли добро на Република Македонија би морал да води сметка за таков тип на закони, рече Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.