Кандидатот за претседател Блерим Река, и вечерва го остави Стево Пендаровски без зборови. Тој го запраша Пендаровски како си дозволува постојано да и зборува на Гордана Силјановска Давкова дека ја поддржува партија на Никола Груевски кој се поврзувал со режим, криминал, а во исто време него го поддржуваат две партии кои биле дел од таа Влада.
Дали сте среќни што ве поддржуваат ДУИ и ДПА што 11 години беа дел од владата на Груевски?
Дали е среќен што Имер Селмани е дел од неговата кампања?
Мендух Тачи ја води добро вашата кампања, а е осуден за изборни нерегуларности – рече Река.
Јас сум прв кандидат етнички Македонец поддржан од партии од сите етнички заедници во земјава. – рече Пендаровски и се задржа за Имер Селмани, дека тој не ја води неговата кампања .
И при вториот обид на Река да добие одговор на прашањата, Пендаровски се обиде да го заобиколи одговорот, па ги спомена Титанки 1 и Титаник 2, но, како што кажа Силјановска Давкова, го заборава Титаник 3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.