Кандидатот за претседател на државата Блерим Река, поддржан од Беса и Алијансата за Албанците, денеска ќе го одржи централниот митинг во Тетово.
Другите двајца кандидати на овие шестти претседателски избори продолжуваат со активностите во рамки на изборната кампања.
Кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова ќе ја промовира својата претседателска кандидатура во Кратово и Крива Паланка, додека Стево Пендаровски, кој е поддржан од СДСМ и коалицијата ќе ги посети граѓаните во Валандово, Дојран, Богданци, а во Гевгелија ќе се одржи отворена граѓанска трибина.
Кампањата за првиот круг од изборите е при крај, официјално почна на 1 април, ќе трае до 19 на полноќ, по што следува 24-часовен изборен молк.
Во недела на 21 април гласачите ќе излезат на избирачките места и ќе гласаат во првиот круг од претседателската трка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.