Претседателскиот кандидат Блерим Река на ТВ дебатата на ТВ 21 рече дека поднел претставка до ДИК за говорот на омраза и валканата кампања со лажни вести чијашто жртва е тој особено во последната недела од изборната кампања.

И Река и професорката Силјановска ги обвинија поддржувачите и штабот на Пендаровски за негативна кампања и сталинистички методи.

Силјановска го посочи билборот кај Ситимол, а Река зборуваше за настапот на Груби, кога му испрати последен поздрав.

Силјановска обвини дека на атак било изложено и нејзиното семејство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.