Доколку утре се одржат парламентарни избори секој четврти граѓанин (25%) би гласал за ВМРО-ДПМНЕ, а пак за СДСМ би гласале 23.1%, покажуваат резултатите од најновата анкета на М-проспект.

М-проспект изврши теренско испитување на јавното мислење во периодот од 15 мај до 7 јуни годинава.

Според анкетата за ДУИ би гласале 5.1%, за Алијанса за Албанците би гласале 4.2% и за БЕСА 2,1%.

Споредено со резултатите од пред една година, може да се забележи дека гласовите за СДСМ се намалени (25.5% во 2018), а за ВМРО-ДПМНЕ зголемени (20.6% во 2018).

Секој трети етнички Македонец би гласал за ВМРО-ДПМНЕ – 34%, додека пак 26.6% би гласале за СДСМ. Од етничките Албанци 10.8% би гласале за СДСМ, 22.6% за ДУИ, 19.3% за АА, 9.8% за БЕСА, велат од М-проспект.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.