Три години беа потребни на македонското судство и обвинителство да започнат судска попстапка против 5-6 годишниот Д.Г. кој нападна царинарничка на граничниот премин Делчево. Реформираното правосудство за кое постојано говори премиерот Зоран Заев не можеше три години да покрене обвинени и да закаже рочиште за напад врз службено лице. Очигледно работи Луј Витон судството и обвинителството. Уште во 2018 година објавивме дека очевидци тврдат дека се правад обиди да се заташка случајот.
Нападот врз царинарничката С.М. се случи на 28 март 2018 година. Дури денеска, благодарение на ажурното правосудство, се оддржува првото рочиште. Судот во Кочани, денееска околу 12 часот, ќе ги сослуша двете страни.
Во билтнот на МВР од 2018 година стои:
На 28.03.2018 година околу 18.00 час било пријавено дека во угостителски објект лоциран на царинскиот терминал на Граничен премин Делчево дошло до вербална расправија помеѓу Д.Г.(56) од с. Звегор, Делчево и С.М.(48), царинарник на терминалот на Царинската испостава -Делчево која прераснала во физичка пресметка. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Во ова соопштение од МВР не откриваат дека се работи за жена, а за нокаутираната цариничка велат дека учествувала во физичка пресметка иако се работи за напад врз службено лице, кое било на своето работно место, затоа што угостителскиот објект за кои говорат од МВР всушност е во склоп на терминалот на царинската управа. Тоа веднаш фрли сомнеж дека некој се обидува да манипулира со случајот.
Република тогаш објави фоографии од цариничката на кои јаснос е гледа дека се работи за тешки телесни повреди. Според приказната на очевидци, која тогаш ја објави Република лицето со иницијали Д.Г. со мотокрос влеголo на царинскиот терминал на граничниот премин и во бифето без никаква причина ја нокаутирало цариничката со иницијали М.С., која била на нејзиното работно место во униформа. Д.Г. почнал да ја навредува цариничката која во тој момент била на својата 12-часовна смена и ручала во бифето.
Тој ја прашал како смее да руча и физички ја нападнал со тупаници и ѝ нанел тешки телесни повреди, по што М.С. паднала во несвест. По настананот Д.Г. побегнал со својот мотор. Била повикана и полиција, дошол и инспектор, но, како што дознаваме, по насилникот не се трагаше ниту вчера, ниту денес.
Тогаш за овој случај не сакаше да зборува ниту јавниот обвинител од Делчево, Бранко Тричковски, кој тогсш не извести дека е запознаен за случајот, но нема обвинение затоа што полицијата не ја завршила истрагата. Тричковски за дополнителни информации ни даде контакт од инспекторот Валери Тасевски, кој го води случајот.
Тасевски во 2018 година одговори на нашиот телефонски повик, но откако го известивме зошто го бараме го прекина разговорот со зборовите „Јас не сум портпарол“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.