Иако образованието е еден од најсензитивните сегмени во едно општество, министерката за образование Мила Царовска не преставува да експериментира и да предизвикува хаос во истото преку превземање на чекори за кои ги нема консултирано засегнатите страни.
Ваквата состојба во образованието започна уште со бројните проблеми и непоклопувања кои се јавија со онлајн наставата. Тогаш, Министерството за образование иако имаше доволно време за да се превземат мерки за учебната година да започне навреме, поради неподготвеноста почетокот на истата беше пролонгиран за еден месец. Но, и покрај одложувањето од еден месец учебната година започна со еден куп проблеми кои се јавија со онлајн наставата, воглавно поради нефункционалната платформа за чие користење наставниците беа обучувани само неколку дена и повеќето од учениците не можеа да следат настава поради тоа што немаа уреди или нивните уреди не ја поддржуваа истата. Сега министерката го продолжува со хаосот кој се создаде преку превење експерименти и отсечно менување на концептот на образованието иако професорската и наставничката фела се против ваквите нагли промени.
Експертите и оние кои го спроведуваат образовниот процес се согласни дека промени мора да има но тие треба да се случуваат постепено, а концепцијата на МОН треба да започне како пилот-проект, а не одеднаш да се воведува во одредени училишта.
На тој начин според нив нема да има можност да се забележат слабите страни на концептот и истиот да се усовршува, наставниот кадар ќе се соочи со сериозни предизвици кои ќе бараат дополнителни обуки и насоки, континуиран професионален развој, како и оптоварување на нивната ангажираност надвор од наставниот процес.
Министерката Царовска во интервју за една од телевизиите деновиве изјави дека ќе го враќа достоинството на наставниците, но после ваквото однесување се поставува прашањето како ќе го враќа достоинството кога таа нема слух и не ги зема во обзир нивните реакции за моделот кој самата сака да го имплементира а ги засега директно нив и не се откажува од брзината на имплементацијата и не се отвора широка дебата вокоја ќе бидат вклучени сите кои што ги засега со цел да се усоврши понудената нацрт -концепција.
Од друга страна нема разбирање ниту за матурантите кои поради проблемите со платформата следеа половична настава, а некои од нив воопшто ја немаа таа можност, па од нив се бара да полагаат матура како да следеле настава во нормални услови.
Матурантите за овој проблем имаат најавено бојкотот на наставата ќе започне на 21 јануари и ќе трае се додека не бидат прифатени барањата за измена на државната матура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.