Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски денеска во Битола одговарајќи на новинарско прашање за реформите во образованието што ги спроведува министерката Мила Царовска рече дека проектот на Мила Царовска преставува една анти реформа и најдобар совет за министерката Царовска освен тоа да ги послуша родителите на учениците и да ги послуша наставниците.
Во време кога 40 илјади ученици во Република Македонија или немаат пристап до интернет или немаат помагала и лаптопи не е добро да се воведува дигитално образование кое што ќе значи социјално раслојување. Дополнително примерите од Хрватска, од Австрија, Србија, Грција и многу други земји кои што се понапредни во ПИСА, покажуваат дека книгата била и треба да остане основното помагало на учениците и на наставниците. И затоа сметам дека Царовска не треба да ја прави оваа анти реформа бидејќи ќе нанесе голема штета на цела генерација ученици, истакна Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.