Новинската агенција Журнал повикувајќи се на внатрепартиски извори објави дел од имињата на кандидатите за пратеници од Движењето Беса, која потпиша предизборна коалиција со СДСМ.

Така што, во првата изборна единица на победничка позиција ќе биде потпретседателот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи, додека во втората изборна единица исто така кандидат за пратеник на победничко место се очекува да биде Бастри Бајрами.

Во петтата изборната единица, Движењето Беса на погодна позиција на заедничката листа со СДСМ ќе го има првиот човек на струшкиот огранок, Фатмир Емуши.

Во меѓувреме во шестата изборна единица како носител на листа се очекува да биде лидерот на оваа партија, Билал Касами додека на победничката позиција ќе биде и еден од потпретседателите Фадил Зендели или Абуш Демири иако пратеникот Зендели поради своето искуство и активност има поголеми шанси да бидат во комбинација.

На листата се очекува да биде и една жена од партијата, и тоа од Форумот жени, се размислува за пратеничката Теута Билали и општинската советничка Хатије Етеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.