Пратеникот Кастриот Реџепи кој „исчезна“ пред гласањето за недоверба на владата призна дека има обезбедување и оти на тоа бил принуден откако на мобилниот телефон добивал закани.Сепак тој не откри од кого се заканите оти тоа било работа на полицијата.
Тој објасни и дека знаел оти пратениците од власта нема да се појават во Собранието тој ден и оти ќе било опасно ако дојде само тој и гласа против недоверба на владата.
Првичните размислувања беа да дојдам на седница да земам збор и да гласам против.Но, проценувајќи ја целата состојба со тоа што се знаеше дека немаше да присустуваат пратеници од мнозинство ќе бев единствениот пратеник внатре кој ќе требаше да гласа против нешто, против една еуфорија, не бев сигурен во мојата безбедност и дека немаше да бидам цел на напади, вербални и физички. Не сме се уште демократска земја и скандинавска земја која се прифаќа правото пратеник да гласа според своите убедувања.
Прашан зошто се потпиша на иницијавата а после се предомислил, Реџепи се потишал во моментот кога Заев најавил оставка но кога тој ја одложил а згора на тоа Желино останало под контрола на Беса тој одлучил да не даде поддршка за недоверба на владата.
Ако Заев останеше со неговата оставка немаше да размислувам дека не треба да си замине и владата.Но зошто не можеме да се стрпиме до 14 декемви, што мора денеска, вчера завчера, ајде да почекаме да дадеме шанса кога веќе има јасни сигнали од стратешките партнери не разбирам зошто толку брзо требаше да се одвиваат работите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.