Откако беше разрешен од позицијата поглавар на Исламската верска заедница од страна на Ријасетот, Сулејман Реџепи известува дека всушност поднесува оставка.

Последниве денови во јавноста се пласираа редица дезинформации и се одвиваше кампања којашто јас ја сметам за нецивилизирана, а којашто се однесуваше на мојата личност при што се нанесоа сомнежи на мојата активност и ангажирање на чело на ИВЗ во Република Македонија. Како верски водач и човек длабоко сум трогнат од оваа навредлива кампања но во ниту еден момент не го оспорив правото на било кој да го изнесе своето мислење и став, свесен и уверен дека Единствениот и Конечен Судија за делата за секој човек е и ќе биде секогаш единствено семоќниот Алах, наведува Реџепи во соопштенето објавено на „Фејсбук“.

Како што наведува Реџепи, тој признава дека можеби направил грешки, но, нагласува тој, цел живот го посветил на ИВЗ и смета дека успеал да го унапреди исламскиот верски живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.