Пратеникот Кастриот Реџепи во изјава за „Фокус“ вели дека според пораката на Советот на Европа се поизвесно е дека се наближува денот кога ќе добиеме датум за започнување на пристапни преговори, можеби уште во јануари.

Се уште опстојувам во моето убедување за европска Македонија и со мојата одлука допринесоа да имаме стабилно мнозинство во Парламентот без никакви политички кризи. Тоа значи дека ние сме стабилни и подготвени за решение со Бугарија.

Имајќи предвид декa Советот на Европа испрати јасна порака дека со нетрпение очекува одржување на првата меѓувладина конференција помеѓу РСМ и Р. Бугарија додавајќи и изјавата на премиерот Петков дека ќе се залага силно за решавање на пречките помеѓу двете држави за веќе да нема блокади за нашата држава од бугарска страна се докажува дека е се поизвесно дека се наближува денот кога ќе добиеме датум за започнување на пристапни преговори, вели Реџепи за „Фокус“.

Додава дека тој како дел од мнозинството ќе даде силен придонес тоа да се случи што поскоро, можеби веќе во јануари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.