„Висок функционер на СДСМ го угостил Кастриот Реџепи на денот кога не гласаше за уривање на Владата и му дал совет да не оди во Парламентот за таквото гласање, заради евроинтеграциите на Македонија, дознава ТВ 21.
Откако пропадна обидот на опозицијата да ја собори владата на Заев, Реџепи се појави со изјава дека заедно со семејството бил кај пријател „за да се заштити од публицитет во врска со собраниската седница“.
ТВ21 дозва кој е пријателот на Реџепи и што се случувало.
Од извори во редовите на социјалдемократите ТВ 21 дознава дека тој ден и во наредните 2-3 дена пратеникот Реџепи со своето семејство гостувал кај висок член на СДСМ, кој го убедил да не гласа за уривање на Владата на Заев, заради евроинтеграциите и стабилноста на државата. Истиот извор на ТВ 21 истакнува дека домаќинот, кој го примил Реџепи во својот дом, го посоветувал да ја објасни ситуацијата преку своја објава на фејсбук, што овој и го сторил. Потоа кога ситуацијата била помалку турбулентна, домаќинот го посоветувал пратеникот Реџепи да објави и видеопорака со објаснувања околу неодењето во Собранието. Од ова се подразбира дека Реџепи видеото објавено на општествената мрежа го направил од куќата на неговиот пријател – социјалдемократ.
ТВ 21 се обиде за сево ова да добие потврда и од пратеникот Реџепи, но тој бил недостапен на телефон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.