Пратеникот на Беса Кастриот Реџепи, за кого постојат сомнежи дека е киднапиран за да не учествува ан седницата за гласање недоверба на владата, пред десетина минути објавил статус на Фејсбук, во кој вели дека решил да не доаѓа на седницата, затоа што дознал дека ЕУ ќе ги отвори вратите на Македонија во декември.
Една од главните причини за мене и за политичкиот субјект Движење Беса на која припаѓам е евроатлантската интеграција на Македонија.
Со оглед на политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, за доброто на процесот и силните сигнали од стратешките партнери САД и земјите од ЕУ, кои ми беа доставени од високи дипломатски претставници, дека во декември земјата најверојатно ќе добие зелен сиглан за почеток на преговорите, решив да не учествувам на собраниската седница на која требаше да се донесе одлука со која ќе се доведе во прашање оваа витална национална и државна цел. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место.
На државата во овој значаен период не ѝ треба политичка криза и потопување во турбулентни води полни со непознати, пишува на Фејсбук профилот на Реџепи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.