Пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива кои денеска на седницата за поставување пратенички прашања застанаа пред говорницата и побараа еден час пауза незадоволни од редоследот за поставување прашања, на прес-конференција во Собранието обвинија дека претседателот на законодавниот дом Талат Џафери злонамерно го ставил пратеникот Зијадин Села како петти за поставување прашања.

Претседателот на Собранието ја игра улогата на гласноговорник на ДУИ, ја блокира албанската опозиција, и интересите на граѓаните кои ги застапуваме ние. Ние сакаме да поттикнуваме одредени точки кои се проблем за граѓаните – изјави координаторот на пратеничката група Скендер Реџепи.

Реџепи вели дека имајќи предвид дека Села е претседател на партија и пратеник треба да го стави прв да поставува прашања. Тој, како координатор на пратеничка група да поставува прашање е ставен на 13 место.

Граѓаните нема да слушнат дека поставуваме прашања за нивните проблеми – вели Реџепи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.