Собраниската седница за пратенички прашања уште не почна, а претседателот Талат Џафери даде еден час пауза по барање на пратеникот на коалицијата Алтернатива/Алијанса Скендер Реџепи.

Реџепи го нападна претседателот Џафери нарекувајќи го „портпарол на ДУИ“ и дека сака да ја замолчи албанската опозиција.

„Претседателот на Собранието го блокира зборот на опозицијата, е доказ. Претседателот е портпарол на ДУИ, вршејќи блокада на опозоцијата, и сериозно не прилага на претседател, и треба да биде транспарентен. Не случајно го информиравме дека денеска со пратенички прашања ќе се претстави претседателот на една политичка партија, претседателот на Алијанса кој е 5-ти да поставува прашања, координатрот на пратеничката група, а тоа сум јас е 13-ти. Барам еден час пауза за да седнеме и да се договориме околу списокот на поставување на прашања“, рече Реџепи.

Џафери најпрво му одговори дека нема да му даде еден час пауза.

„Деловникот не дозволува еден час пауза, и затоа јас нема да ви дадам. Списокот е правен по принцип два пратеници од опозицијата, еден од власта. Без разлика од која партија е од опозицијата“, одговори Џафери.

Но, Реџепи излезе на говорница и кажа дека албанската опозиција нема да дозволи да продолжи седницата и дека според Деловникот, Џафери може да даде пауза.

„Вие сами си го измисливте ова дека не може да дадете пауза. Нема никој да продолжи да зборува додека не се реши ова. Повикајте се на разумот…“.

Џафери:

„Нема што да се повикувам на разумот, јас сум со разумот“…

Џафери потоа „попушти“ и даде еден час пауза. Седницата продолжува во 13 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.