Кастриот Реџепи од Беса стана пратеник како седми на листата на СДСМ и коалицијата Можеме во првата изборна единица. Оттаму, СДСМ го смета Реџепи за свој пратеник, лојален на изборната коалиција која му обезбедила пратеничко место и ги отфрла обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата дека СДСМ купува пратеници.

Пратеникот Кастриот Реџепи пред седницата за недоверба на Владата исчезна, за по неколку часа да се јави со пост на Фејсбук и да каже пратениците да не го чекаат на седница, зашто дипломати од ЕУ и САД му кажале дека Македонија ќе добие датум за преговори во декември и нема да гласа, туку ќе го чека датумот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.