Дигиталната верзија на Толковниот речик на македонскиот јазик дочекана на етнички нож. Она што на јазикот и на лингвистите, но и на сите кои се служат со јаизкот им беше повеќе од потребно – достапен Толковник, за час се претвори во мегдан за етничко мерење и премерување.

Имало цигани, немало шиптари…

Здружението Аваја информира дека Владата ги информирала дека навредливите зборови за Ромите тие ќе бидат повлечени од дигиталното издание на речникот.

Од Владата информираат дека претставници на Владата и од МОН стапија во контакт со редакцијата на Толковниот речник на македонскиот јазик при што од стручниот тим на речникот веднаш било покажано разбирање и согласност зборовите што ги предизвикаа реакциите да бидат повлечени. Стручниот тим на речникот во наредниот период ќе изврши ревизија на лексемите во речникот и ќе следи процес низ кој зборовите во речникот ќе се толкуваат соодветно според современиот лингвистички и општествен контекст. Владата ја поздравува проактивноста на заедницата, информира Аваја за комуникацијата со власта.

Од Аваја вчера потенцираа дека „овој нов или дигитализиран речник ја повторува истата грешка на веќе постоечките речници кои треба да се предмет на реформирање“.

Претседателот на Народната партија на Ромите, Геге Демировски веднаш по промоцијата реагираше дека речникот содржи скандалозни навредливи зборови за Ромите и ги повика сите Роми што се дел од парламентарното мнозинство да ја напуштат владината коалција.

Сите Роми кои се дел од парламентарното мнозинство и коалцијата на Заев да ја напуштат веднаш поради големите навреди кон нив содржани во дигиталното издание на Толковниот речик, повикува претседателот на Народната партија на Ромите, Геге Демировски.

Според Демировски во овој речник има скандалозни навредливи зборови за Ромите во Македонија. Тој ѝ даде 24 часа на Владата да ги отстрани овие скандалозни зборови.

Со новиот дигитален речник Ромите добија дигитализација на навредите и антициганизмот.

Денеска Владата на РМ ја промовираше веб-платформата www.makedonski.gov.mk – дигитална верзија на Толковниот речник на македонскиот јазик.

Дигиталниот Толковен речник содржи 100.000 зборови меѓу кои и „циганче“, „поцигани“, „циганчи се“, „циганштија“ и „циганштилак“! Имате рок за 24 часа да ги тргнете. Доколку не бидат тргнати ќе ги дигнам на нозе Ромите од цела Република Македонија и цела Европа. НПР бара веднаш да се повлечат тие грди зборови кон моите Роми,….. Ние сме Роми! Ги повикувам сите ромски политичари и аргатите и сите да си дадат оставка – се вели во објавата на Демировски на „Фејсбук“.

Во речникот нема навредливи зборови за Албанците во Македонија, но има за Ромите и за Македонците.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.