Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 до 22 ноември 2020 година се регистрирани 7.486 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со незначително зголемување во однос на минатата недела од 1,8%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.255; 43,5%), со неделна инциденца – 535,1/100.000. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 38%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.818, 24,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=1.496; 20,0%), 30-39 (n=1.474; 19,7%), 50-59 (n=1.348; 18,0%) и 20-29 (n=978; 13,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=85; 1,6%) и 10-19 години (n=287; 3,8%) – соопштија од министерството за здравство.
Од МЗ соопштуваат дека во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.866 (51,6%) лица од машки и 3.620 (48,4%) од женски пол.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.099 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 44,7% повеќе во споредба со минатата недела. Во наведениот период пријавени се 204 смртни случаи од 24 града, зголемување од 18,6% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 155 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 18 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 5 случаи во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 128 или 62,7%. – стои во неделниот извештај на МЗ
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 16 до 22.11.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.