Судијката Весна Кичеец од Основниот суд Охрид која Судскиот совет ја разреши поради несовесно и нестручно постапување во судскиот процес за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски од 2016 година, во изјава за ТВ 24 најавува жалба против разрешувањето.
„Искрено не можам да поверувам во информацијава. Длабоко сум вознемирена. Секако дека ќе поднесам жалба. За Ваша информација, првата моја одлука за Угреновиќ е донесена само по месец и половина од добивање во работа на предметот, по признание на вина и изречена му беше казна од 16 години. За Апелација Битола казната беше висока, ја укинаа пресудата, висока била казната и покрај тоа што остануваа уште помалку од 4 месеци до максиналниот рок за притвор. Повторно ја донесов истата одлука, Апелација ја преиначи на 8 години, Врховен ја преиначи нивната и повторно изрече 16 години. Навистина незнам каде е мојата вина, цените сами, меѓутоа, тоа е што е, мора да се прифати“, изјавила за ТВ 24 судијката Кичеец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.