Ана Петровска која денеска на владина седница беше разрешена од директорската позиција во Државниот инспекторат за животна средина, вели дека останува да се бори за животната средина.

-Една нецела година служев во Државниот инспекторат за животна средина. Да бидеш менаџер на институцијата што на најнепосреден начин се грижи за спроведувањето на законите за животна средина е предизвик и привилегија. Благодарна сум на Владата и Премиерот за честа и довербата што ми беше укажана. Тука сум, останувам во јатото на искрени и чесни борци за здрава животна средина, вели Петровска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.