Со одлука на Судски совет, денеска е разрешна судијката Софија Лаличиќ. Вкупно 11 членови од советот се изјасниле „за“ нејзиното разрешување, а двајца биле „против“.
Лаличиќ е најмладата судијка во скопскиот Основен суд 1, која се споменуваше и во прислушуваните разговори поради што беше изземена и од одлучувањата за предметите на СЈО.
Судскиот совет вели дека е донесена одлука со која еден судија се разрешува поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција.
Истовремено донесена е Одлука со која времено се оддалечува од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката, вели Судскиот совет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.