Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека донесена е одлука да се разреши директорот на струшката болница д-р Мухамед Асани.

Донесена е одлука да се разреши директорот на струшката болница и нов ќе се назначи во текот на денешниот или утрешниот ден, порача Филипче.

Ваквата одлука следува откако пациенти го обвинија доктор Асани за лекарска грешка.

Родилката Јилдиз Веаповска остана без матка, бубрег и јајник при извршен царски рез. Таа не го прифати стручниот наод на Лекарската комора во кој не се констатира никаков лекарски пропуст од страна на д-р Мухамед Асани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.