Аудиоснимките од 26 Конгрес на СДСМ, кои се појавија денес на Фејсбук, а на кои зборуваат сега веќе поранешната заменик-претседателка на партијата Радмила Шекеринска, Борис Станковски од Општинската организација на Куманово и Владимир Митревски делегат од ОК Центар се избришани од Фејсбук.

Јасно е дека Фејсбук во Македонија работи како подружница на СДСМ, па сосема е разбирливо каде и зошто ги снема снимките кои ги откриваат проблемите во партијата која вчера на Конгресот се нарекуваше „модерна, демократска и државничка партија“.

Сепак, вистината е како сврдло, а проблемите под тепих само се таложат, не се бришат.

Затоа, еве ги повторно снимките кои зборуваат за „демокфратското“ во „државничката партија“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.