По првиот круг на локалните избори се случува раздор во СДСМ Брвеница. Се бара оставка од локалното партиско раководство после изборниот дебакл кој се случи синоќа.

Небојша Костадиновски на Фејсбук пишува дека е член на СДСМ од 1999 година и е дел на поширокото раководство на СДСМ Брвеница. Тој бара итно разрешување на претседателот на ОО СДСМ Брвеница и на раководството и Извршниот одбор поради, како што вели Костадиновски негрижата кон членството, раздорот во партијата, самопромоцијата и личната корист на актуелното раководство.

 

По првиот круг на локалните избори во Брвеница убедливо води кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Јовица Илиевски со 2.052 гласа, а кандидатот на СДСМ Мирко Стојановски има 1.051 глас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.