Во Македонија се забележува пораст на интересот за вакцинација против корона вирусот. Досега преку веб платформата вакцинација.мк се пријавени 395.776 граѓани. Според податоците на Министерството за здравство досега аплицирани се вкупно 255.259 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани.
Според последните бројки, 45,7 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, а 38,8 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Завчера заврши Светскиот самит за здравство со ветување од фармацевтските компании за испорака на повеќе од 1,3 милијарди дози вакцини против Ковид-19 оваа година во земјите со низок и среден приход.
Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и германската „Бионтек“ ветија една милијарда дози вакцини, „Џонсон и Џонсон“ најави 200 милиони дози, а „Модерна“ 100 милиони дози вакцини против Ковид-19 за државите со низок и среден приход. Вакцините за сиромашните земји ќе бидат по набавна цена, додека за државите со среден приход би биле половина од цената.
„Фајзер“ и „Бионтек“ ветија уште една милијарда дополнителни вакцини следната година, додека земјите-членки на ЕУ најавија нови 100 милиони дози во текот на годината.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен истакна дека голем број од европски испораки ќе бидат преку Програмата на Обединети нации КОВАКС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.