Лабораторијата на МАНУ утврдува дали медицинскиот тим на Клиниката за нефрологија е заболен од британскиот сој на коронавирусот. Надлежните не ја исклучуваат оваа можност бидејќи 29 здравствени работници заболеле во исклучително кус временски период во кој не работеле во Ковид центарот туку во т.н. „зелена зона“ и не биле во иста смена, анализира Телма.

Токму затоа во изминативе три дена повторно им се земени брисови кои се доставени во лабораторијата на МАНУ каде ќе се прави секвенционирање кое треба да потврди дали тие заболеле од британската мутација на вирусот. Истовремно во МАНУ, по случаен избор, ќе се прави и секвенционирање на позитивните тестови кои кај нив се испраќаат од лабораториите низ целата држава, пренесе Телма.

Заразена е и директорката Ирена Бушлетиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.