Иако Владата и Министерството за образование имаа сосема доволно време за да се подготват за отворање на училиштата и да се изготват соодветни протоколи за функционирање на истите, сепак и после одлагањето од еден месец училиштата се соочија со хаос.

Прва работа за која предупредуваа експертите беше и потребата од скрининг на вработените пред самото отворање со цел учениците безбедно да се вратат во училишните клупи, но Владата се одлучи да ја повтори истата грешка што ја направи со градинките која резултираше како погрешна одма после вториот ден, а до сега 150 деца се во изолација, заразени 10 деца и 21 вработен.

Резултатот од истата грешка исплива на површина и во училиштата, па откако завчера 17 првачиња добија решенија за самоизолација, откако се утврди дека една од наставничките која им предавала е позитивна на КОВИД-19, вчера уште 22 првачиња од основното училиште „Гоце Делчев“ во Центар наместо на наставна клупа завршија во домашна изолација.

Од почетокот на учебната година иако е помината само недела и пол во изолација за завршиле 8 наставници и 53 ученици, а завчера беше потврден и првиот случај на ученик позитивен на КОВИД-19.

Ова само покажува за тоа колку неспремни беа властите за отворање на училиштата, па од самиот почеток се јавуваат еден куп проблеми, почнувајќи од закаснетата платформа за онлајн настава која никако да профункционира како што треба поради кратката обука на наставниците за користење на истата, високата бројка на деца кои поради немање на уред не можат да ја следат наставата, завршувајќи до порастот на бројката на ученици кои се во изолација заради отворањето на училиштата без скрининг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.