Расправија со повишен тон е прочината за отказ на трите медицински сестри од Инфективната клиника, изјави денеска Венко Филипче, министер за здравство кој утринава се сретна со медицинските сестри.
Трите медицински сестри поднесоа барање за отказ и заминаа на одмор.
Тие не планирале да одат на работа во приватни болници, а дали министерот усепал да ги убеди да останат на Инфективна клиника ќе се знае по завршување на нивниот одмор.
Работат под стрес, често дежураат, а тие три се најискусни во болницата. Попладне на лице место ќе одам на Инфективна да разговарам со нивните колеги и раководители, изјави Филипче.
Филипче вели дека медицинските сестри не се деградирани како профил и дека многу се вложува во нив, иако главната сестра на Инфектвната клиника токму деградирањето и непочитувањето ги наведе како причини за оставката.
Од Здружението на медицински сестри денеска рекоа дека ако не се решат нивните проблеми ќе има уште откази. Претседателката на здружението Гордана Бешлиовска, изјави дека не им е решен статусот на сестрите, односно не е дефинирана нивната работа.
Тоа значи дека сестрите не си ги знаат своите задачи. И на тој начин не треба да барате одговорност од нив. Ако не биде решен статусот, тогаш ќе се случува уште поголем одлив, изјави Бешлиовска.
Таа вели дека проблемите што ги имаат се децениски и не е нешто што се случува само за време на пандемијата. Според нивните информации многу сестри чекаат да помине пандемијата и да си одат од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.