Вработен на граничниот премин во ВИП одделот на аеродромот на ТАВ во Скопје за „Лидер“ тврди дека поранешниот генерален сектретар на Владата, Драги Рашковски во неделата заедно со своето семејство полетал на релација со крајна дестинација Мексико.
Ни беше наредено Рашковски да го протнеме низ ВИП одделот на аеродромот. Беше заедно со својата сопруга и двете деца, а обемот на багаж беше како да оди на подолго патување, но не можам да тврдам дека се работи за бегсгтво затоа што Рашковски често патува. Пред скоро времер заедно со своето семејство леташе во Турција, вели вработениот кој сака да остане анонимен плашејќи се за своето работно место.
Претходно денеска премиерот Зоран Заев рече дека не знае дали Рашковски е надвор од земјава. Утре ќе провери и ќе ѝ соопшти на јавноста, рече попладнево Заев по прес-конференцијата во седиштето на СДСМ.
Како што истакна Заев одговорајќи на новинарски прашања, секој има право на одмор, но и да одлучува сам.
Верувајте, јас за сите вработени или ангажирани во Владата ниту се обидувам да имам контрола, ниту знам. Тие си имаат право на свој одмор, право на одлучување. Предмалку стигнав од Луксембург. Не знам. Денеска имав состанок само со министерот за земјоделство, преземаме одредени активности за тутунот, се слушнав и со министерот Филипче со кој подоцна ќе имам состанок за новите состојби во здравството и секако, со дел од мојот Кабинет заради тековни активности. но, јас ќе проверам уште утре и ќе ја соопштам информацијата, истакна Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.