Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски попладнево е спроведен во затворот во Шуто Оризари.
Директорот на затворот Филип Андонов во изјава за МИА вели дека Рашковски согласно протоколите за заштита од Ковид-19, ќе биде сам во ќелија десетина дена.
Попладнево, Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција ја прифати жалбата на јавниот обвинител и му определи 30-дневен притвор на Драги Рашковски и Даниел Станчевски во врска со „истрагата за набавка на софтвер“.
На 16 април, на Рашковски му беше определен куќен притвор по четиричасовен распит во Кривичниот суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.